Ова е човекот кој го лечи Трамп- гастроентеролог тврди дека е “ментално здрав”

од desk3

sl1

Кандидатот на републиканците за претседател на САД – Доналд Трамп, успеа да се вмеша во уште еден скандал, овој пат – поврзан со неговата здравствена состојба. Излезе дека единствениот медицински документ за здравјето на милијардерот, претставен на јавноста, е … напишан за 5 минути од неговиот личен лекар д-р Харолд Бронстејн додека лимузината на Трамп чекала пред неговиот кабинет.

sl4

Откритието го направи самиот доктор во интервју за Ен-Би-Си.

Во документот од декември 2015 година тој напиша дека ако биде избран, милијардерот би бил најздравиот претседател во историјата.

Здравјето на Трамп и на кандидатот на демократите – Хилари Клинтон, е во центарот на вниманието на медиумите во последно време, особено поради тврдењата на штабот на бизнисменот дека Клинтон има проблеми. Затоа откритието на Бронстејн се смета за срамота.

sl3

 

sl2

Ако биде избран, 70-годишниот Трамп ќе биде најстариот претседател кој ќе ја преземе функцијата. Тој, исто така сака нездрава храна, коментираат медиумите.

Пред Ен Би Си сепак д-р Бронстејн кој е гастроентеролог, инсистираше на тоа дека здравјето на пациентот е одлично, “особено ментално”.

Слични содржини