Почетна / Актуелно / Ова е сирискиот суперхерој: Војникот Хасан соборил 16 американски томахавки, и сега го слават како Супермен

Ова е сирискиот суперхерој: Војникот Хасан соборил 16 американски томахавки, и сега го слават како Супермен

По воздушниот удар на САД, Велика Британија и Франција, Сирија го слави поручникот Хасан ал Џуреф.

Овој млад човек пред 7 години, додека крвавата војна во Сирија уште не била почната, веројатно играл игри на компјутер, каде се соочувал со непријателите.

Сега, во униформа на војската на Сириската Арапска Република, во редовите на против-воздушната одбрана, тој војува со вистински непријатели. По нападот на американската коалиција, Хасан за 24 часа станал суперхерој на Сиријците, бидејќи заедно со своите соборци соборил 16 непријателски крстаречки ракети, насочени кон аеродромот Ал-Думаир, базата Монте Касјун и објекти во Рухаиб и Кисвах.

Сирискиот систем за воздушна одбрана, произведен во Советскиот Сојуз, соборил 71 од 103 крстаречки ракети, кои ги лансирале САД и нивните сојузници, изјавил денес генералот на руската војска Сергеј Рудској.

Рудској рекол дека нема жртви во нападот и дека сириските воени објекти, кои биле мети на САД, претрпеле мала штета, пренесува “AP”.

Тој навел дека Русија би можела да разгледа можност за снабдување на Сирија и други земји со ракетни системи “S-300”, наведува “Reuters”.

Сирискиот претседател Башар ал Асад оценил денес дека нападите на западните земји во Сирија се проследени со кампања заснована на лаги и дезинформации во Советот за безбедност.

Пентагон денес соопштил дека ниедна ракета, од 105, колку што лансирале САД, Франција и Велика Британија, не била соборена над Сирија, демантирајќи ги наводите на сириската и руската влада.

Директорот на Генералштабот на здружените вооружени сили на САД, генерал потполковник Кенет Мекензи, рекол дека сириската против-воздушна одбрана не делувала ни по ракетите ни по авионите кои биле вклучени во вчерашниот напад.

Меѓутоа, на некои твитови може да се видат фотографии од остатоци од британските крстаречки ракети “Storm Shadow”. Руски извори јавиле и дека Британија и Франција лансирале околу 30 крстаречки проектили, и дека Сиријците ги собориле сите до една.