Ова е смешно. Ова е глупаво. Со кој памет истражителот од СЈО бил повикан во полициска станица?

од Vladimir Zorba

Да ти се плукнам во политичката коректност, кога криминалци се политичари.

Ова е смешно. Ова е глупаво. Ова е експлицитно криминално и мора да бараме одговорност.

pavle bogoevski

Со кој памет може МВР да го повика на разговор, а уште повеќе, зврлевски да „дава насоки за понатамошно постапување по предметот“ и да бара истражителот на СЈО да биде повикан во полициска станица?

Истражителот на СЈО кога ја фотографирал едната, од најверојатно многуте згради каде началникот има стан/ови – бил службено лице кое вршело службено дејствие. Извидувањето на локација е оперативно тактичка мерка (ОТМ), а не е истражно дејствие (ИД) или посебна истражна мерка (ПИМ). Тоа значи, дека СЈО не треба да бара одобрување од апсолутно никој за да ја спроведе оваа ОТМ. Понатаму, донекаде има логика што паравојската на началникот (читај: СГС) се јавила во полиција кога забележала како некој ја фотографира зградата. Но тука завршува целата логика во овој бизарен настан.

Следно што се случува, МВР доаѓа на терен. Тогаш, тие треба да спроведат легитимирање на пријавеното лице и да утврдат дека е службено лице кое врши службена должност. И тука завршува целата постапка. Во истиот момент кога ќе се утврди идентитетот и службеното својство на истражителот, МВР може само од куриозитет да го извести обезбедувањето дека зградата која ја обезбедуваат не била мета на никаков противправен напад.

Според чл. 43 од Законот за полиција, повикувањето во полициска станица е овлстување кое се презема заради собирање потребни известувања неопходни за извршување на полициските работи.

 Која е таа полициска работа која има каква било врска со истражителот на СЈО? Која е потребата од повикување во станица ако идентитетот и службеното својство на истражителот можат да се утврдат на лице место? Нека им каже некој на МВР и на партиските началници дека ако постои каква било потреба од комуникација со СЈО за вршење на полициските работи, СЈО треба да ги повика нив, а не обратно.

Што не’ води кон можеби најголемата глупост во целава работа – известувањето на Обвинителството на зврлевски. Според чл. 63 од Законот за полиција, по приемот на кривична пријава или добиено сознание за постоење основи за сомневање дека е сторено кривично дело за кое се гони по службена должност, полицискиот службеник без одлагање го известува јавниот обвинител согласно со закон.

Кое е тоа кривично дело кое се гони по службена должност за кое сте добиле сознание, дами и господа од МВР? Само тогаш треба да биде известен надлежниот јавен обвинител и само тогаш тој/таа смее да дава насоки за понатамошно постапување по предметот (и да бара повикување на „осомничениот“ истражител во полициска станица).

Спроведувањето на ОТМ од страна на истражител на СЈО не е, ама ни најмалку, кривично дело. Уште повеќе, секој граѓанин, доколку е на јавен простор може да ги фотографира зградите во своето опкружување. Или улицата пред зградата на началникот не е јавен простор? Јас знам дека си набавија еден тон плацови, ама се надевам дека не си го присвоија официјално и цело Водно.

Значи, ова е надминување на овластувањата на МВР, надминување на овластувањата на зврлевски, и попречување на службено лице при вршење службени дејствија. ТОА Е КРИВИЧНО ДЕЛО КОЕ СЕ ГОНИ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ. Мора да се бара одговорност и мора да има последици. Тоа што членовите на криминалната мрежа се поврзуваат со одредена партија (читај:ДПМНЕ) која сака да настапи на следните избори не смее да биде пречка за спроведувањето на истрагите на СЈО.

И овој пат, не смееме да дозволиме никаква „политичка коректност“ да ни застане на патот.

Павле Богоевски – Фејсбук статус

Слични содржини