Ова се новите советници во Град Скопје

од desk2

Државната изборна комисија ги објави имињата на новоизбраните советници на Град Скопје.

СДСМ и коалицијата во првиот круг на локалните избори што се одржаа во неделата, 15 октомври, освоија 21 советник, а ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата 17.

ДУИ обезбеди три советнички места, Беса- двајца, Алијанса за Албанците и Левица освоија по едно советничко место.

ДИК освен за Град Скопје ја објави распределбата на мандатите за советници и во останатите општини.

Слични содржини