Во последниве неколку дена, објавени се доста детали за ревијата на познатиот бренд “Victoria’s Secret”.
Веќе се откри дека овогодинешното традиционално шоу, за прв пат ќе се одржува во Париз, на 5ти декември додека пак, исто така вчера беше и откриено дека “ангелот” Џасмин Тукс ќе биде ѕвезда на ревијата со тоа што ќе го носи овогодинешниот “Fantasy” градник кој има вредност од 3 милиони долари.
Сега се дознава и дека 20 годишната Бела Адид, сестрата на славната манекенка Џиџи, успеа да го добие местото, што е најпосакувано од страна на сите модели и ќе се прошета на најпознатата модна ревија која се одржува еднаш во годината.
Џиџи ја имаше таа чест минатата година, а очигледно ќе ја има и оваа ,бидејќи таа сама го потврди тоа на нејзиниот инстаграм профил.
Па така, сестрите Адид ќе станат првите сестри во историјата кои заедно ќе дефилираат на познатата модна писта.
Иако девојките имаат убаво лице и тело, па тоа што се одбрани да учествуваат во шоуто и не треба да не изненадува, постојат и оние кои веруваат дека оваа работа им е дадена само поради публицитет и добар маркетиншки трик. Адид се едни од најпознатите и највлијателните манекенки на денешницата, но многумина сметаат дека нивната слава им беше дадена само затоа што тие доаѓаат од славна и богата фамилија.
Џиџи моментално е во врска со поранешниот член на групата “One direction”, Зејн Малик, додека пак Бела е во врска со познатиот пејач “The Weeknd”, чије вистинско име е Абел Тесфаје.