Пад на цените на недвижностите во Грција: 20 000 евра за 70 квадрати околу центарот на Атина

од Vladimir Zorba

Сопственици во грчката престолнина нудат се во замена за  плаќање на струја, вода и данок, без плаќање на кирија.

1477272862-1
Над 200.000 домови, се дадени  на  продажба во цела Грција, а нивниот број е зголемен за 25% во споредба со две години наназад, сигнализираат агенциите за продажба .Овој бум на продажбата е регистриран поради неможноста на луѓето да плаќаат неостварливо високите даноци. Околу 99 000 станови се прогласени за продажба во Атина и Солун, а бројот за целата земја се приближува до 110,000.

Сепак, според претседателот и извршен директор на сајтот за недвижнини E Real Estates, Темистокл Бака, има сопственици кои имаат намера да продаваат, но без да го пријават. Ако кон нив се додаваат и ивеститори , тогаш имотот за продажба надминуваат 200 000, прецизира тој.

Според студија на локални медиуми , цените на недвижностите во центарот на Атина се исклучително ниски во споредба со претходните години. Стан  од 70 кв.м. во пристоен централен кварт може да се најде и за 20 000 евра.

Друг парадокс кој се забележува е дека доста од куќите кои се даваат под наем на центарот на Атина, сопствениците ги нудат само пво замена за  плаќање на струја, вода и станбена данок без плаќање на друг изнајмување.

Слични содржини