Катица Јанева, актуелната обвинителка од Гевгелија ќе биде новиот јавен специајлен обвинител, партиите во 5 часот утрово се договорија за име и за законот по кој ќе работи новиот специјален обвинител, тврдат за 24 вести извори од преговорите.

клуб пратеници

По повеќе од 15 часа работаната група под силен меѓународен притисок од амбасадорскиот двоец Орав и Бејли, како и посредникот Ванхауте ги договорија измените на законот за јавен обвинител и ги прецизираа сите детали. Неофицијално на состанокот ноќеска присутни биле и лидерите на СДМС Зоран Заев и на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски.

Неофицијално  решението на најспорното законско прашање – околу бројот на обвинители, кои заедно со специјалниот ќе работат на случајот „Пуч“ и аферата „Прислушување“ останало како што предлагаше Брисел, специјалниот обвинител по изборот сам да каже колку обвинители му се потребни.
Според информациите законот уште денеска ќе се најде во Собрание, така што ќе биде достапен за сите пишува 24 Вести.

Според изјавата на Ванхауте од петокот, подготвена е предлог верзија за измена на Законот за избор на специјалниот обвинител, која тој ја претставил пред работните групи.

Според Договорот од Пржино до 15 септември треба да има нов специјален обвинител со целосна автономија да ја води истрагата за случаите „Прислушување“ и „Пуч“. Специјалниот обвинител го именуваат потписниците на Договорот.

Опозицијата предводена од СДСМ, согласно договореното, на 1 септември се врати во Собранието на Република Македонија.

Со Договорот од Пржино е предвидено и инаугурација на нова влада на 15 јануари 2016 година, 100 дена пред парламентарните избори што ќе се одржат на 24 април 2016 година. На чело на новата влада ќе биде нов премиер номиниран од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Програмата на Владата е ограничена на организирање предвремени парламентарни избори. Предвидено е на 20 октомври да бидат именувани нови министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика по предлог на СДСМ. Во тие министерства истовремено ќе бидат именувани нови дополнителни заменици министри на предлог на ВМРО-ДПМНЕ. Заменици министри, по предлог на СДСМ, пак, ќе бидат именувани во министерствата за финансии, за земјоделство, шумарство и водостопанство и за информатичко општество и администрација. Тие заменици-министри ќе имаат полно право на преглед и вето во соодветните министерства по сите правни, финансиски и кадровски прашања поврзани со организацијата на изборите

Слични содржини