Пакомак ќе донира мрежа за зафаќање на пластичен отпад на сливот на Треска во Козјак

од desk2

Пакомак одговори позитивно на иницијативата за одржување на еко-системот на езерото Козјак и реката Треска, со набавка и поставување на мрежа за зафаќање на пластичниот отпад што се слева по течението.

Оваа поддршка од страна на Пакомак, е врз основа на предходно упатеното барање од страна на Општина Македонски Брод.

По акцијата за чистење на езорото во која учествуваше и Пакомак како дел од Асоцијацијата за посебни текови на отпад при Комората, констатирана е состојба на загадување на акомулацијата на езерото Козјак од пластичен отпад што надоаѓа од водите на реката Треска, а кои се вливаат во езерото од општината Кичево и Пласница.

Иако ова е делумно решение, и не го спречува на долг рок проблемот со загадувањето на реката и езерото – лоциран во негрижата на несовесните граѓани кои фрлаат пластичен отпад во реката, сепак ќе допринесе за собирање и чистење на отпадот и ослободување на водите од токсичните, неразградливи пластики, изјави Филип Ивановски Извршен Директор во Пакомак.

Со Регионалниот план за управување со отпад, се планира затварање на депонијата во Кичево која ја загадува и реката Треска, со што долгорочно ќе се реши и проблемот со загадувањето на езерото Козјак кое се наоѓа на Треска.

Козјак е најголемото вештачко езеро во Македонија, долго 32 километри, а со длабочина од 130 метри.

Во акумулацијата Козјак се среќаваат девет видови риби, но не е исклучено да се најдат и други видови на риби. Во последните години активно и редовно се врши порибување на езерото, кое е од голема важност и за одржување на природниот биодиверзитетот во овој дел од Македонија.

Јавнoто Комунално Претпријатие и Општината Македонски Брод ќе ја чистат и одржуваат мрежата донирана од Пакомак.

Слични содржини