Палачинки со чоколадо и фстаци

од desk2

Еве еден вкусен рецепт за љубителите на чоколадо и фстаци. Кога ќе се комбинираат со палачинки, не може да не бидат вкусни.

Потребни состојки:

1 голем потокал
200 гр, шеќер
300 гр. Брашно
5 лажици путер
200 гр. кокосово брашно
3 големи јајца
2 чаши млеко
Малку сол
200 гр. млечно чоколадо
100 гр. ф’стаци
200 мл. слатка павлака
Шеќер во прав
Подготовка:

Изрендајте го портокалот и кората ставете ја во 200 мл. вода на оган да се вари. Откако ќе зоврие, тргнете ја водата од оган, изцедете ја кората и вратете ја во тенџерето. Додајте 200 мл. вода и 100 гр. шеќер и оставете смесата да врие околу 30 минути со повремено мешање.

Во голем сад ставете го путерот, брашното, кокосовото брашно, преостанатиот шеќер, млекото, солта и јајцата и матете со миксер се додека смесата не се соедини. Оставете ја смесата да отстои во фрижидер најмалку еден час.

Во тавче за палачинки додадете една кутлача од смесата и оставете да се испече од едната страна, околу 30-тина секунди. Потоа свртете ја палачинката на другата страна и оставете да се испече уште 30тина секунди. Повторете ја постапката се додека имате смеса во садот.

Откако палачинките ќе се изладат, врз секоја палачинка додадете изрендано чоколадо и ф’стаци, па свиткајте ја палачинката на четвртинки.

Во тавче на оган ставете малку вода да се загрее. Постепено додавајте го шеќерот во прав и постојано мешајте се додека не се растопи и смесата не се карамелизира. Потоа додадете го сокот од исцедениот портокал и слатката павлака. Гответе околу 5 минути, па во посебно тавче на оган додадете 2 лажици путер и почекајте да се растопи па додадете ½ од карамелизираниот сируп. Додадете ги палачинките и оставете ги да отстојат на тивок оган во сирупот околу 2 минути. Откако ќе карамелизирате половина палачинки, додадете ја останатата карамелизирана смеса и повторете ја постапката.

Палачинките послужете ги во чинија за сервирање и врз нив изрендајте малку чоколадо, ф’стаци и додадете ја сварената изрендана кора од портокал.

Слични содржини