“Паметни бактерии“ ќе закрепнуваат инфарктни срца

од Vladimir Zorba

Cтанфордскиот универзитет во САД има развиено нова методологија која овозможува брзо да се опорави срце после инфаркт, соопштија британските медиуми. Научниците предлагаат да се воведуваат бактерии кои произведуваат кислород како резултат на фотосинтеза.

Досега методот е тестиран врз стаорци. И така, ако крвниот сад е блокиран од тромб, срцето почнува да чувствува кислороден гас поради нарушувањето на протокот на крв. Но, вметнувањето на способните за фотосинтеза едноклеточни цианобактерии  Synechococcus elongatus може да го отстрани јаглеродниот моноксид и истовремено со тоа да се наситат мускулните клетки на срцето со кислород и шеќер.

Во текот на експериментот научниците имитирале инфаркт кај глодарите, а потоа вметнале во срцето цианобактерии. Потоа срцевиот мускул бил подложен на зрачење со светлина. Анализата покажала дека по 10 минути нивото на кислород во срцето на глодарите се испоставило значително повисоко отколку во контролната група и во оние стаорци на кои била втурната бактеријата, но не биле подложени на светлосно зрачење.

По 45 минути во првата група се подобрила работата на камерите на срцето. Важно е дека немало имунолошки одговор, што значи дека процедурите се безбедни. Имаат сепак еден проблем – отворената операција на срцето, која ги носи своите ризици. Сега научниците развиваат метод за вметнувањето на бактериите во вените и зрачење без сечење на градите. Значи освен кардиологијата новата методологија може да ја преврти и трансплантологијата.

Слични содржини