Панчевски ем дал исказ во обвинителството ем му поднел контрапријава на Џолев

од Vladimir Zorba

Претседателот на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски, денеска бил да даде исказ во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во врска со кривична пријава што против него ја поднесе неговиот колега, судијата Иван Џолев.

vladimir-pancevski

Панчевски, како што информираат од судот, откако дал исказ во обвинителството, во кој ги отфрлил како неосновани наводите во тужбата, веднаш му поднел кривична пријава на Џолев за лажно пријавување кривично дело.

Џолев во пријавата го товари Панчевски за примање на награда за противзаконско влијание.

„По даденото произнесување во врска со наводите во кривичната пријава, ја известувам јавноста дека од моја страна на записник пред надлежниот јавен обвинител, откако ги слушнав наводите на пријавата и се произнесов по истите, отфрлајќи ги како неосновани, истовремено поднесов кривична пријава против судијата Иван Џолев за кривично дело лажно пријавување на кривично дело, во смисла на член 366, став 1 од Кривичниот законик, за тоа што лажно ме пријавил како сторител на кривично дело од член 359 од Кривичниот законик за кое гонењето се презема по службена должност иако знаел дека не сум сторител на кривично дело“, вели Панчевски.

Судијата Џолев кривичната пријава против Панчевски ја поднесе на 2 ноември, но во дописот до медиумите за случајот не наведе конкретно против кој колега ја поднел пријавата, иако по кратко време се појавија информации дека станува збор за претседателот на скопскиот Кривичен суд.

Инаку, според неофицијални информации, и Панчевски и Џолев поднеле кандидатури за изборот на нов претседател на Основниот суд Скопје 1.

 

МЕТА

Слични содржини