Во една моја изјава зборував за посета на мојот кабинет на високи претставници на американската амбасада и ЕУ елегацијата по повод првата прес-конференција на СЈО и тогаш го искоментирав ниското ниво на политичка кутура каде правосудствто и во минатото беше под притисок и интервенционизам на политиката – вели во интервју во неделникот Фокус претседателот на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски.

pancevski
-Имаше аболиција на предмети од претседателите Борис Трајковски и Бранко Црвенковски, потоа предмети за општа амнестија за конфликтот во 2001-ва година, а предметот познат како „Сопот“ кој беше пресуден од судот, а поради притисок на тогашниот амбасадор на НАТО, Николас Бигман, беше формирана собраниска комисија и повторно се врти предметот во судска постапка.

Значи, така било и тогаш тоа ни случува и сега. Сега е СЈО, утре ќе биде судско оделение на СЈО.Знаи во Македонија со меѓународен амин и со тесно политички интереси се кршат и Устав и закони – вели Панчевски.

Адвокатот Александар Тортевски неодамна во изјава за утриснки весник го обвини пачневски за притисоци во судот.

„Деновиве во СЈО стигнуваат докази за писмени наредби, налози за тоа како треба да постапи судија во одреден предмет, како треба одредени случаи да бидат отстапени на друга држава за да се спасат обвинетите“, изјави адвокатот Александар Тортевски.

„Судии ни носат писмени докази, пораки од претседателот на судот во кои тој им наложува како да постапат во одредени предмети. СЈО внесе нов дух во однесувањето на обвинителството. СЈО постапува апсолутно според законот. Во многу случаи во игра се огромни пари, фирми во странство…“, изјави Тортевски./Либертас

Слични содржини