Пандев со убав гол ја потврди победата на Џенова (видео)

од desk4

   Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев постигна убав гол за Џенова синоќа на дуелот со Верона.

Пандев иако во игра влезе во 81. минута доволно му беа десетина минути да го совлада гостинскиот голман.

Македонскиот фудбалер од околу дваесетина метри на мајсторски начин го лобуваше противничкиот голман за конечни 3:1.

Џенова со 41 бод се наоѓа на средината на табелата во Серија А.

Слични содржини