Македонскиот атлетичар Ристе Пандев настапот на Светското првенство во атлетика го заврши на 53.место во вкупна конкуренција на 100 метри откако попладнево во квалификациите истрча резултат – 11.31 секунда.

3

Ова за Пандев беше втора трка денеска откако успеа да ги мине елиминациите и да се квалификува во втората фаза. Тој претпладнево истрча 10.94 секунди.

Пандев трчаше во групата 5 во квалификациите каде најдобро време имаше Џими Вико од Фрнација со време 9.92 секунди, додека најдобро време (9.83 секунди) оствари Џастин Гетлин, кој трчаше во групата 6.

Во конкуренција во квалификациите беа 56 спринтери, а двајца не стартуваа и еден беше дисквалификуван.

Слични содржини