Паника и мистерија со ураганот “Метју”- 500 жртви!

од Vladimir Zorba

Сеуште не е јасно каде ќе се насочи природната стихија1475839213-mattt

Во моментот ураганот “Метју” се наоѓа на околу 40 километри од Порт Канаверал во американската држава Флорида, како силата на ветрот е 100м / сек, пренесува BBC. Сеуште не е јасно во која насока ќе се насочи стихијата. Експертот за природни катастрофи д-р Стивен Годби изјави дека ако ураганот продолжи да минува само со периферијата крај брегот, тогаш жителите на Флорида нема да  ги почувствуваат најсилните ветрови кои се во централниот дел на стихијата. Но дури и ако тоа е случај, “северните делови од крајбрежните на Флорида и Џорџија можат да очекуваат неколку часа на силни ветрови, кои ќе бидат доволни да предизвикаат структурни оштетувања и да влијаат на снабдувањето на електрична енергија” .uragan-jpg8_-640x426

Во меѓувреме, крајбрежните области на Џорџија продолжуваат да ги евакуираат своите државјани. Освен тоа се обезбедени автобуси за оние кои немаат сопствени возила и главната магистрала кон градот Савана е направена еднонасочна.

uragan-jpg1_-640x427Гувернерот на Флорида им препорачаа на лицата кои не успеале да се евакуираат да не ги напуштаат своите домови се до сабота наутро. Засолништата ширум државата се отворени за граѓаните и за бездомниците кои бараат заштита од бурата. Повеќето аеродроми во регионот се затворени, а откажани се најмалку 3000 летови.

Бројот на жртвите од ударот на ураганот Метју на Хаити се искачи на повеќе 500 лица, а спасувачките екипи за прв пат успеале да влезат во уништените крајбрежни делови државата.uragan-jpg9
Бројот на повредени лица постојано расте, а најмалку 62 илјади се сместени во привремени засолништа, соопшти централната агенција за цивилна заштита на Хаити.
Повеќето жртви настрадале од паднати дрвја и остатоци од урнатини кои биле носени од силниот ветер кој имал брзина и  од 230 километри на час.
uragan-jpg7
Владата на Хаити соопшти дека најмалку 350 илјади лица имаат потреба од помош.  Со силни ветрови, кои на момент достигнуваа брзина и од 195 километри на час, ураганот Метју утрово помина над источниот брег на Флорида.
Претседателот Барак Обама прогласи вонредна состојба во неколку држави на источното крајбрежје а наредена е и итна евакуација на најмалку 3 милиони лица.uragan-jpg6
Од американскиот центарот за урагани соопштија дека се формирал нов ураган. Тропската бура Никол се трансформирала во ураган и се движи кон брегот на Бермудските острови. Ураганот достигнал брзина од 130 километри на час и би можел да забрза во следните 24 часа.uragan-jpg3

 

 

 

 

 

uragan-jpg2

 

 

Слични содржини