Паника во Јапонија – високо отровна риба по грешка продавана во супермаркетите

од desk2

Град во Јапонија издал предупредување дека во еден супермаркет биле пронајдени неколку пакети со рибата фугу, од која не бил отстранет отровниот црн дроб. Доколку не е подготвена добро, консумирањето на оваа риба може да предивика парализа, кома и смрт.

Најмалку пет пакети од отровната риба биле пронајдени во Гамагори, град во централна Јапонија.

“Ги предупредивме сите жители да избегнуваат да јадат фугу”, рекол локалниот службеник Коџи Такајанаги.

Три пакети со опасниот деликатес биле пронајдени и запленети, а властите моментално не ја знаат локацијата на останатите два.

https://www.youtube.com/watch?v=bEjXBI_2WYU

“Јадењето на црниот дроб од фугу рибата може да предизвика извесна парализа на моторните нерви, а во потешки случаи целосно го соприра дишењето што резултира со смрт”, стои во официјалното соопштение.

Фугу рибата е еден од најскапите зимски деликатеси во Јапонија, иако е многу опасна и тешка за подготовка. Се смета за своевиден гастрономски руски рулет, за тоа што црниот дроб, кожата и некои внатрешни органи содржат тетрадоксин – супстанца 1.200 пати поотровна од цијанид.

Слични содржини