Папараци: Џон Леџенд ја помилува Криси Тејган за задникот по заедничка вечера

од Vladimir Zorba

Папараци ги уловија на “местото на злосторството” Џон Леџенд и Криси Тејган. Ѕвездената двојка демонстрираше страст на излегување по романтична вечера во њујоршкиот ресторан Le Bernadin.

Видливо Џон бил посамоуверен во галењето, а во еден момент неговата рака почнала да го истражува задникот на неговата сопруга.

Џон и Криси организираа раскошна свадба на езерото Комо во Италија, на која присуствуваа и многу ѕвезди како Стиви Вондер, Квинси Џонс, Кание Вест и др. Тие се радуваат и на ќеркичка – Луна.

Сликите покажуваат дека нивната љубов не оладила воопшто за четирите години брак, а и двојката се смета за една од најстабилните и романтични во шоубизнисот.

Слични содржини