Папараци ги уловија Кристен Стјуарт и Стела Максвел

од Vladimir Zorba

Моделот Стела Максвел и актерката Кристен Стјуарт се најдоа под леќата на папараци. Двете убавици веќе некое време не ги кријат своите чувства една кон друга и затоа вниманието на нив е одвишок.

Ѕвездите често не можат да се заедно поради преоптоварениот распоред, но еве затоа овој викенд беа забележани да пијат смути, на пат за спа третмани, пишува OK Magazine.

Подоцна двете девојки беа фатени да се забавуваат во локален бар, објави магазинот.

Пред да почне да излегува со жени Кристен беше партнерка на својот колега од сагата “Самрак”, Роберт Патинсон, но по снимањата на “Снежана и ловецот” двајцата се разделија.

Причината – неверството на актерката со режисерот Руперт Сандерс. Подоцна таа и Патинсон ја обновија својата врска, но само кратко.

Стјуарт започна да излегува со жени и беше девојка на Сент Винсент и СоКо. Максвел ја поврзал и со Мајли Сајрус.

Слични содржини