Папараци: Ребел Вилсон слабее со тенис

од Vladimir Zorba

Австралиската актерка Ребел Вилсон шокираше многумина пред неколку години со признанието дека се здебелила за да стане позната.

Да, таа стана ѕвезда, но очигледно килограмите веќе ѝ доаѓаат како вишок. Уште минатата година таа се пофали дека го започнала процесот на топење на мастите.

Ребел отсекогаш тврдела дека нема намера да ги следи нормите за убавина во Холивуд, но очигледно и таа сепак одлучила да се помачи.

Папараците ја снимиле да се поти на тенискорт во Мелбурн парк, па помина над час трчајќи по топката. Лекции пак ѝ даваше легендарниот австралиски тенисер Тод Вудбриџ.

Слични содржини