Папараци во чекор: Лео ди Каприо и новата девојка

од Vladimir Zorba

Позната е љубовта на Леонардо Ди Каприо за русокоси модели. Новата убавица на Оскаровецот е Камила Мороне од Буенос Аирес.

43-годишниот актер и 20-годишната убавица, која се обидува да се пробие и во киното, се среќаваат веќе неколку месеци и веќе не ја кријат својата врска. Двајцата се појавија заедно на роденденот на Елен Деџенерис.

Папараци ја уловија ѕвездата како го напушта настанот.  Згодната русокоса и Оскаровецот се упатуваат кон својот автомобил, вели Ок списание.

По сè се гледа дека Лео не се загрижил дека на забавата на телевизиската водителка присуствуваше и неговата поранешна девојка Блејк Лајвли. Двајцата се сретнаа за време на снимањето на Големиот Гетсби на Бас Лохман.

Актерот ја фати својата нова сакана во близина на нејзината граду за да ја доведе до нивниот автомобил, забележува изданието.

Слични содржини