Папата Франциск се сопна и падна на почетокот на голема миса за време на неговата посета во Полска, а агенцијата „Асошиејтед прес“ објави и видеоснимка од незгодата.

Другите свештеници му помогнаа на папата да стане, по што тој продолжи да служи на мисата.

papa-pad

На папата незгодата му се случи за време на неговата прва посета на Полска, чие население е претежно католичко.

Неговата посета на Полска трае пет дена и тој ќе ги посети некои од најзначајните католички цркви, како и концентрациониот логор Аушвиц.

 

 

META

Слични содржини