Папата Францис призна дека не гледал телевизија од пред 25 години. Ова е само еден од многуте интересни факти кои поглаварот на Римокатоличката црква  ги споделува  за себе во интервју за аргентински весник.

20150527.kqmqynpbfn

Папата се заколнал на Дева Марија дека ќе се откаже од малиот екран на 15 јули 1990 година и не ја пречекорил заклетвата. Причината е едноставна – телевизија не била за него.

Папата Фрањо не го чита официјалниот весник на Ватикан, а се информирал од италијанскиот “Ла Република”. Светиот отец признава уште дека никогаш не користел интернет, а кога сакал да се разбере дали неговиот омилен фудбалски тим освоил, прашал некој од швајцарските гардисти. Светиот отец  вели дека многу му недостасуваат прошетка по улиците и пицерии, затоа што веќе не може да ги посетува слободно. Папата раскажува дека како дете никогаш не ни  и помислил дека може да стане поглавар на Римокатоличката црква

Слични содржини