Постојат записи од прислушувани телефонски разговори на амбасадори на Бугарија во Македонија. Материјалите веќе им биле предадени на бугарските дипломати во Скопје, објави денеска бугарскиот дневен весник Труд.

Според написот, записите на дипломатите им биле дадени лично. Според бугарски „Труд“, прислушувани биле и двајца претходни американски амбасадори во Скопје.

Лидерот на СДСМ на една од претходните прес конференции рече дека има докази дека се прислушувани шест амбасади во земјава.

Слични содржини