Парабола за навредата

од Vladimir Zorba

Живееме во свет кој ни нуди не само радости, но и разочарувања. Најголемите секогаш доаѓаат неочекувано, тие повредуваат, навредуваат. Сите ние се разликуваме како личности и понекогаш наидуваме на конфликтни ситуации, навреди и поднесуваме навреди.
Сигурно сте го имале она непријатно чувство на тежина во градите кога доживувате непријателство кон некого. Тоа секогаш тежи и како да задушува.
Денес споделуваме една поучна приказна која ќе ви помогне да се ослободите од овој товар.

Еден ученик го прашал својот мудар учител:
– Учителе, вие сте толку мудар. Кажете ми како секогаш сте во добро расположение и никогаш не сте лути? Помогнете ми и на мене.
Учителот се согласил да му помогне на ученикот и му рекол да донесе следниот пат една ќеса и неколку компири.
„ Кога некој те налутил или си имал конфликт, земи еден компир и од едната страна напиши го своето име, а од другата неговото.“ – рекол мудрецот.
– Дали е тоа сè? – прашал ученикот.
– Не. – одговорил учителот – Секогаш со себе носи ја торбата и секој пат кога некој ќе те навреди, додади еден компир во неа.

Минало време, ќесата со компирот имала огромна улога, некои компири биле и расипани, никнувале. Тогаш ученикот повторно го посетил својот мудрец.
– Учителе, торбата веќе тежи многу, компирите се оштетени, мирисаат, не е можно да се движам веќе со неа. Може ли да измислиш нешто друго?

– Истото се случува во твојата душа. Кога си лут на некого, навреден, тоа ти тежи како камен. Обиди се да не ги забележуваш навредите, бидејќи камењата ќе стануваат сé повеќе. Делата се претвораат во наши навики, а навиките во карактер кој создава смрдливи пороци. Јас ти дадов можност да погледнеш на целиот овој процес однадвор. Секој пат кога некој ќе те навреди или ти навредиш некого, размисли дали ти треба овој товар.

Слични содржини