Излегува дека едниот од најпопуларните лекови против болки ја намалува не само физичката болка, но и чувството на тага и среќа, се тврди во новата студија.65acc9b3a5e50253a5e851e6b37eafea

Истражувачите откриле дека ацетаминофенот (парацетамол / тиленол) ги потиснува или поточно затапува екстремните емоции кај луѓето, како позитивните така и негативните. Според истражувањето ова е еден од пропратните ефекти на парацетамол, кој инаку се користи за повеќе од 70 години како лек.

Авторот на студијата, Џефри Дурсо од Државниот универзитет во Охајо вели: “Луѓето кои земаат парацетамол не ги чувствуваат истите врвни емоции на радост и среќа и соодветно не ги доживуваат така тешко лошите настани во животот и неуспесите, кога го земаат лекот. Повеќето луѓе веројатно воопшто не се свесни за тоа дека чувствата можат да бидат засегнати, кога примаат парацетамол и дека затоа треба да имаат едно на ум. ”

Истражувачите не знаат дали и други лекови против болки како ибупрофен и аспирин го имаат истиот ефект, иако планираат да ги истражуваат во иднина.

Не е јасно дали тоа дека Парацетамолот потиснува емоциите на луѓето има некаков однос кон начинот на кој тие донесуваат одлуки, пишува весникот Daily Mail.

Слични содржини