Бразилскиот суд ја отфрли жалбата на Нејмар и го потврди замрзнувањето на средствата на играчот и на неговото семејство.

638-397-nejmar

Средствата на играчот се замрзнати со цел да се обезбеди дополнително плаќање на даноците и евентуалните санкции кои можат да произлезат, ако фудбалерот на Барселона биде осуден за делата кои се водат против него од страна на државата.

Федереланиот суд блокира 48 милиони долари, што вклучува наследство на Нејмар, како и приходите на таткото му и на трите компании на семејството.

Даночните власти на Бразил водат постапка против Нејмар за 16 милиони долари. Фудбалерот е обвинет за даночно затајување од 2011 до 2013 година поврзани со трансферот од Сантос во Барселона.

Судот нареди блокирање на 150% од износот за да се гарантира плаќањето на посочените даноци, камати и дополните санкции.

Блокирањето на средствата на Нејмар беше првично наредено во септември минатата година, но тој поднесе жалба до судот.

Наводните неправилности при трансферот на Нејмар од Сантос во Барселона исто така се под истрага и од шпанското правосудство.

Слични содржини