Парите се поважни за жените отколку за мажите

од Vladimir Zorba

Дечки, има некои вистини за жените и една од нив е дека за понежната половина од човештвото материјалната благосостојба има повеќе значење. Се разбира, постои и несебична љубов, но кога искрата ќе се поднамали, жената пак почнува да забележува колку ѝ овозможува омилениот и ако тоа не е доволно, започнува да  е незадоволна од недостатокот на пари.

Повеќето жени избираат да го следат класичниот пат во животот – да се поврзат сериозно со маж кој може да ги поддржува финансиски, а тие да му родат неколку деца и да се посветат на грижата за домот и семејството. Не ги судете за тоа.

Феминизмот исто така не е особено добар избор за жените. Поентата е дека овие дами исто така имаат свои финансиски потреби дури и без да работат.

Има мажи кои се врзуваат со амбициозни жени со кариера во кои сликата не е многу различна. Овие  жени ги ценат парите уште повеќе, бидејќи знаат колку ги чини да ги заработуваат. Па и за нив финансиски стабилен маж е подобра перспектива.

Анкетата покажува дека она што ги прави двата пола среќни, се разликува доста, и копа огромна провалија меѓу нив. За жените најважни во животот им се нивните односи со блиските и нивната финансиска благосостојба. Додека за мажите, среќата зависи од односите со сопругата и здравствената состојба на членовите на нивните семејства.

Пари

Студијата покажала дека парите се во првите три и за двата пола како услов за среќа, но за жените се поважни. 90% од дамите под 50 години се изјасниле дека парите се витален фактор за нивната среќа.

Што е поважно од парите?

За мажите тоа е нивната врска со нивната партнерка во животот. Д-р Рос Алтман, генерален директор на Сага, изјави: “Бевме изненадени дека мажите велат дека нивните односи со жените им влијаат најмногу врз нивната среќа, а за жените овие односи се дури на шестото место.”

Друга значајна разлика меѓу половите е дека мажите го ценат својот сексуален живот како многу значаен за среќата. 52% од претставниците на посилниот пол велат така, во споредба со само 35% од жените.

Во исто време жените даваат приоритет на пријателките. Алтман вели: “Нашите резултати покажуваат дека за женската среќа е многу важна да се задржи здрава мрежа од пријателки, особено во подоцнежна фаза од нивниот живот.”

Алтман додава: “Жените работат помалку, заработуваат помалку, имаат помала пензија од мажите и можеби затоа парите или недостатокот на такви е постресен фактор за повеќето од нив.

Еве и кои се факторите кои влијаат врз среќата на луѓето:

За мажите

1. Односите со сопругата / партнерката 89%

2. Здравјето на членовите на семејството 88%

3. Финансии 87%

4. Односот со децата 84%

5. Односот со пријателите 80%

6. Хобиата и интересите 76%

7. Односите со блиските 62%

8. Сексуална врска 52%

9. Вестите за ситуацијата во светот и државата 46%

10. Работата 31%

За жените

1. Однос со пријателите 90%

2. Финансии 89%

3. Здравјето на семејството 84%

4. Односот со децата 84%

5. Хобиата 79%

6. Врската со сопругот / партнерот 74%

7. Врска со блиските 64%

8. Надворешниот свет 52%

9. Работата 40%

10. Сексот 35%

Слични содржини