Париз нема желба да биде домаќин на Олимпијадата во 2028

од Vladimir Zorba

Иницијативниот одбор на кандидатурата на Париз за домаќин на Олимписките игри во 2024-та година ја  отфрли категорично можноста градот да ја  прифати Олимпијадата .

На овој начин француската престолнина  го следи  Лос Анџелес, откако од тамошниот иницијативен комитет исто така, соопштија дека се целосно фокусирани исклучиво на кандидатурата за 2024. Тоа се случи откако се појавија информации дека Меѓународниот олимписки комитет сака да им  предложи на губитници градови во трката за Игрите по 7 години, да ја прифатат  следната Олимпијада во 2028. “Ние работиме на 2024 и нема никаква причина воопшто да зборуваме за следната Олимпијада. немаме што да понудиме за тогаш – немаме проект, немаме кандидатура. Ние би имале многу технички проблеми “, коментира директорот на” Париз 2024 “Етјен Тобо.

Слични содржини