Парламентарни избори во Албанија

од Vladimir Zorba

 Повеќе од 3,4 милиони албански граѓани со прав на глас  денеска ги избираат новите 140 пратеници во Парламентот на Албанија. 

Иако во единствениот избирачки список во кој се регистрирани 3.451.896 гласачи нема некои поголеми измени споредено со изборите во јуни 2013 година, сепак реалното гласачко тело е многу помало, поради големиот број граѓани кои се во емиграција.

На овие избори првпат своето граѓанско право на глас треба да го остварат 136.239 лица. Како последица на законот за лустрација првпат право на глас немаат 1.367 затвореници.

Се гласа во 12 изборни единици, на 5.362 гласачки места, а изборите ги набљудуваат 5.351 набљудувач,од кои 896 се од странски набљудувачки мисии.

На изборите учествуваат 18 политички субјекти со вкупно 2.666 кандидати, кои ќе се тркаат за новиот состав на албанскот законодавен дом.

Главната битка ќе се води меѓу трите најголеми политички партии, Социјалистичката, Демократската и Движењето за социјаистичка интеграција (ЛСИ).

Партијата на Македонците, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) на овие избори е во коалиција со ЛСИ, на новиот албански претседател Илир Мета. Во изборната единица во Корча на кандидатската листа е Васил Стерјовски, генерален секретар на МАЕИ и познат активност за правата на Македонците.

Претседателот на Централната изборна комисја (ЦИК) Клемент Згури синоќа упати апел граѓанте да излезат што помасовно на гласање бидејќи „изборите се многу позначајни од било која партија“.

– Демократија е учество на избори. Што помасовно учество на избори,толку поголема демократија. Албанските граѓани имаат можност да создадат демократија, затоа во име на ЦИК апелирам сите граѓани со право на глас што помасовно да излезат и да го остварат своето право на глас, порача Згури.

На изборите пред четири години триумфираше левата коалиција „Алијанса за европска Албанија“ предводена од социјалистите на Еди Рама, а во која беше и ЛСИ на Илир Мета, како и повеќе помали политички партии. в

Слични содржини