Парламентот на Република Српска денеска ќе одржи специјална седница со само една точка на дневен ред, нацрт-законот за Денот на РС, кој треба да биде усвоен по итна процедура.додик

Претседателот на РС Милорад Додик изјави претходно дека Републиката останува на одлуката за одбележување на 9 јануари како празник и оти Владата ќе одлучува за функционирањето на институциите и за тоа дали тој ден ќе биде работен или неработен.

Босанските Срби гласаа на референдум на 25 септември за тоа дали празникот на РС да остане на 9 јануари, датум, кога во 1992 година тие прогласија „Република на српскиот народ“ во состав на БиХ, по што почна војната, која траеше од 1992 до 1995 година.

Референдумот беше забранет од Уставниот суд, кој оцени дека датумот на празникот е дискриминирачки за несрпското население.

Слични содржини