Парламентот на Црна Гора едногласно ја донесе одлуката за членство во НАТО

од Vladimir Zorba

Сите 46 присутни пратеници во Парламентот на Црна Гора денеска едногласно ја донесоа одлуката за влез на Црна Гора во НАТО. Се гласаше за предлог-законот за потврдување на Северноатлантскиот договор, со кој се обезбедуваат условите за пристапување на Црна Гора во НАТО

Покрај владејачката коалиција, членството на Црна Гора во Алијансата го поддржаа и пратениците на Социјалдемократската партија, кои единствени од опозициските партии присуствуваа на парламентарната седница што се одржа во Цетиње.

Паралелно со одржување на седницата, Демократскиот фронт организираше протести поради одлуката за членство на Црна Гора во Северноатлантската алијанса. Тие нагласија дека нема да ја признаат одлуката на Парламентот. Протестите почнаа пред објектот на Општина Цетиње, во кој се одржуваше седницата. Демонстрантите извикуваа „Убијци“, „Арамии“ и „Предавство“ а запалија и знаме на НАТО.

Слични содржини