Паровите хороскопски знаци кои се најсилни во љубовта

од Vladimir Zorba

Кога почнуваме нова врска, тоа што најчесто нè возбудува е дали ќе си одговараме со партнерот. Дали ќе можеме да ja развиеме хемијата меѓу себе и како малите разлики да се претворат во адут за нашата врска.
И тука повторно се сеќаваме за ѕвездите според Хороскопски знак. Овие две двојки имаат необични врски и тешко би можеле да бидат поделени.

Лав и Вага
Во љубовта претставниците на знак Лав првично даваат привид на напорни, на освојувачи, што често ги одбива нивните потенцијални партнери. Но кога Лав сретне претставник на Хороскопски знак Вага, тој се однесува и чувствува на радикално поинаков начин.

Наместо краткотрајна авантура Вагите ќе добијат во љубовта вистински пријател и заштитник.
Многу брзо можат да заборават за својата егоистична природа и да ги стават во преден план потребите на шармантната Вага.

Лавовите се сложени како карактер, но не се скапи за луксузни подароци. Од друга страна недовербата и чувството за собственичество на Вагата може да дејствува како бариера во врската.
Ако двете страни успеат да ги надминат малите недостатоци, меѓу нив може да има пламена љубов и тешко би ги поделиле.

Девица и Водолија
Во оваа љубовна комбинација Девицата е прецизната страна, која внимателно ја крои својата стратегија, кога сака да постигне свои интереси. Водолијата обично е воодушевена од духовитоста на Девицата.

Тоа е една многу необична комбинација, но врската помеѓу нив е можна и во повеќето случаи се покажува совршена.

Претставниците на знакот Водолија се визионери, а Девиците се попрактични. На овој начин тие се надополнуваат. Единственото нешто што може да се покаже како причина за распад на врската е желбата на Девиците да водат здодевни и исцрпувачки разговори. Сепак, дури и да има пауза од неколку недели или месеци, повторно би можеле да ја разгорат љубовта меѓу себе.

Слични содржини