ВМРО-ДПМНЕ дури денеска доставила предлози за решенија во сферата на медиумите, па затоа се пролонгира последниот рок за решение на оваа проблематика опфатена со Договорот од Пржино, брифираат извори од преговарачкиет тимови.

novinari

Се очекува попладнево тие да ги изнесат своите забелешки околу решенијата, по што ќе треба да дебатираат за да ги усогласат ставовите.

Според информациите, СДСМ се залага за целосна департизација и деполитизација на медиумите, но бидејќи рокот за наоѓање решенија за делот од Договорот во Пржино за медиумите доцни, се залага за два вида решенија – краткорочни и долгорочни.

СДСМ и ЗНМ во вербална војна околу преговорите за медиумите

Краткорочните решенија, сметаат од партијата, треба да овозможат департизирање и нормално функционирање на Агенцијата за медиуми, МРТ и МИА до завршување на изборите, односно да бидат такви што ќе ги оневозможат ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да имаат директно влијание врз медиумите.

Решенијата за чие имплементирање е потребен подолг рок, треба да овозможат целосна департизација и отстранување на политичките влијанија врз Агенцијата за медиуми, МРТ и МИА.

Од СДСМ сметаат дека поради кратките рокови со посредникот Питер Ванхауте било договорено здруженијата на новинари и невладините организации да не присуствуваат на преговорите, а нивните забелешки да се разгледуваат. Оттаму информираат дека тие ќе бидат транспарентни и целата јавност ќе дознае за нивната намера.

 

МЕТА

Слични содржини