Партијата на Емануел Макрон води во анкетите за парламентарните избори во Франција

од Vladimir Zorba

Партијата на новиот претседател на Франција Емануел Макрон очекува да добие најмногу места во парламентот по изборите во јуни, пренесува Ројтерс, повикувајќи се на резултати од истражување, објавени во понеделникот.

“Република, напред!” Ќе биде на прво место по јунските избори, во кој се очекува да собере поддршка од 29% од граѓаните на Франција. На второ место е крајнодесничарската партија на Марин Ле Пен “Национален фронт” со 17%. На трето место со 15% е Републиканската партија.

Слични содржини