„Партиска“ проценка на штета кај поплавените- тешки кавги и клетви меѓу жителите и проценителите !

од Vladimir Zorba
 13941115_10208471230451502_2026637388_n-860x680

Kавгата настана во Стајковци меѓу граѓаните и проценителите, кои како што велат граѓаните, партиски се одлучува во која куќа ќе ја вршат проценката, јавува А1он.

Жителите обвинуваат дека проценката се врши селективно и единствено по куќите во кои живеат партиски вработени граѓани. Проценителот кого граѓаните се обидуваа да го стигнат пред нив се правдаше дека градоначалникот му наредил да се повлече. Градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски не негираше за тоа како се врши проценката, единствено објасни дека од утре ќе поминат други проценители кои по ред ќе им ја вршат проценката на штетата.

 

– Дојдоа во куќата над нас, прескокнаа пет куќи и потоа влегоа кај соседите. Кога ја прашав една од проценителите зошто не влегуваат кај нас, таа ми рече дека не знае каде и е колегата. Ако треба да проценуваат заедно, тоа само значи дека кршат уште едно парвило – вели еден од жителите на Стајковци зад камерите.

Слични содржини