Лидерите на четирите најголеми партии во Македонија Никола Груевски од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев од СДСМ, Али Ахмети од ДУИ и Медуха Тачи денеска во Скопје ќе одржат нова средба за изнаоѓање решение за излез од политичката криза во земјата.

средба

На денешната трета средба во Клубот на пратениците, како и на претходните две, набљудувачи ќе бидат амбасадорите на САД и на ЕУ, Џес Бејли и Аиво Орав.

Состанокот пред една недела заврши без конкретен договор.

На средбата беше заклучено дека за да напредуваат преговорите треба да се утврдат принципи за преговарање, да се обезбеди рамноправност на сите страни и гаранции дека тоа што ќе се договори навистина ќе се почитува.

Во меѓувреме во Стразбур се одржа и средба на Груевски и на Заев со тројцата европратеници Ричард Ховит, Иво Вајгл, Едуард Кукан и еврокомесаорот Јоханес Хан. Искрена дискусија и продолжување на средбите, стоеше во кусото соопштение по 10-часовните маратонски разговори меѓу делегациите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ.

Како што пренесува МИА, во изјава за Словенечкото радио европскиот известувач за Македонија Иво Вајгл изјавил дека бил потпишан нон пејпер за натамошни разговори.

Слични содржини