Попладнево преговарачките тимови на четирите партии повторно ќе седнат на заедничка маса во Клубот на пратениците. Питер Ван Хауте одржал одвоени средби со ВМРО ДПМНЕ и со СДСМ, а претпладнево и со ДУИ.Иако Хауте се одлучи да го зголеми притисокот врз партиите со одбивање на заеднички средби , оваа заедничка средба во полн состав веројатно е последица на мислењето на експертот дека има простор да се стигне до единствено решение, особено по вчерашната изјава на Груевски дека се согласува спецобвинителот на има се што ќе му е потребно.

van_haut_na_tocak

Но како што брифираат партиски извори, политичките натегања се сепак околу капацитетите на спецобвинителот. Опозиционерите бараат тој да има 12 заменици, за да може истовремено да се процесуираат повеќе предмети и да нема застои во истрагата.
ВМРО ДПМНЕ состануваат на позицијата дека толкав кадровски капацитет би го направила спецобвинител еднаков на Републичкиот јавен обвинител, што според нив, би било спротивно на Уставот.

За потсетување случајот “Пуч” го работеа 17 обвинители.

Слични содржини