Патиштата проодни-Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони,

од Vladimir Zorba

          

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по наместа влжани коловози. Појава на магла со видливост од 50 до 100м. има на патниот правец Велес-Катланово и Тетово.

 

 ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста  појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Мак. Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Д. Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15-ти Ноември на сила стапи законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 Март 2017 година.

 

Ги предупредуваме возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената сообраќајна сигнализација.

 

ЗАТВОРЕН ПАТЕН ПРАВЕЦ: Регионалниот пат Р-2332 патен правец Ресен – Охрид (преку национален парк Галичица) од 15.11.2016 до 01.04.2017 е затворен за сообраќај. Од охридската страна возилата со вкупна тежина до 3,5 тони можат да се обраќаат само до месноста “Kорита”.

 

ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: На 27.11.2016 година во 11:30 часот целосно е затворен за сообраќај регионалниот пат Р1309 с.Грдовци-с.Зрновци, поради рушење на мостот на река Брегалница и изградба на нов мост.

 

 ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

 

ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ: На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација  се однесува за македонската страна на премините.

 

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА:

 

НАЈАВА: Утре времето ќе биде облачно со повремени врнежи од снег, а во југоисточните делови од дожд и снег. Во јужните делови врнежите на места ќе бидат со умерен интензитет. Висината на снежната покривка нема значително да се зголеми, на планините за 5 до 10 cm. Во среда врнежите ќе бидат од снег и ќе бидат со слаб интензитет, а ќе дува и умерен ветер од северен правец. Од четврток облачноста постепено ќе се намалува и утринските температури ќе бидат во опаѓање, а дневните во благ пораст.

Слични содржини