Според природата на повредите на патниците од рускиот авион,укажуваат дека експлозија се случила во авионот пред тој да експлодира, изјавил за Спутник египетски доктор кој вршел  обдукција на телата.

site-3_3489334b

„Голем дел од парчињата од телата кои беа најдени,упатуваат на заклучок дека силна еккплозија се случила во авионот, пред тој да удри на земја“-вели египетскиот форензичар.

Претходно рускиот таблоид Лајфњус објави дека резултатите од наводните форензички медицински истражувања патниците на опашката на авионот починале поради т.н. експлозивни повреди.

Според него, на телата имало изгореници од повеќе од 90 проценти.Патниците кои седеле во предниот дел, починале поради други причини – крвен притисок, шок, отворени повреди на главата, фрактури.

Досега нема официјални информации за резултатите од форензичките испитувања.

Сеуште кружат и различните верзии зошто се урна авионот. Дека ова е дело на Исламската држава, дека имало бомба во авионот, пилотска грешка,  во или можеби технички проблеми.

Рускиот пилот Андреј Литвинов верува дека синајската трагедија се случи поради стари метални делови, стар авион кој веќе беше  претходно оштетен.

Слични содржини