Патријархот Неофит до претседателот Радев: Ќе побараме позитивна одлука за Македонската православна црква

од desk4

Бугарската држава и Бугарската православна црква се обединети во желбата за развојот и продлабочувањето на односите меѓу Бугарија и Република Македонија.

Ова беше заедничкиот став на претседателот Румен Радев и на неговата светост, бугарскиот патријарх Неофит кои денес одржаа средба на иницијатива на претседателот.

За време на средбата беше истакната важноста на потпишаниот билатерален Договор за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Бугарија и Република Македонија, кој ја зајакнува меѓусебната доверба, го поттикнува развојот на билатералните односи и претставува позитивен чекор во процесот на европска интеграција на Република Македонија.

Одбележана беше и духовноста меѓу Бугарија и Република Македонија. Патријархот Неофит го запозна претседателот на државата со содржината на испратеното писмо на Светиот синод на Македонската православна црква, со кое се повикува на обновување на евхаристичкото единство со БПЦ односно со обновената Охридска архиепископија во лицето на МПЦ и го увери во добрата волја од страна на Бугарската патријаршија да се бараат патишта за негово решавање.

Ова прашање треба да биде разгледано на седница на Св. Синод на БПЦ, а темата за автокефалноста на Македонската православна црква ќе биде разгледана и со останатите помесни православни цркви.

Слични содржини