Патрик Свејзи денес требаше да наполни 65 години – сопругата Лиза се однесувала кон него како ѓубре

од Vladimir Zorba

Последните месеци и денови пред неговата смрт, Патрик Свејзи ги поминал низ вистински пекол. Негов долгогодишен пријател открива дека неговото мачење било ужасно.

Но, не поради ракот, туку затоа што неговата сопруга Лиза се однесувала кон него како ѓубре. Какви биле последните моменти на актерот кој денес ќе имаше 65 години?

Патрик се сретнал со Лиза кога тој имал 18 години, а таа 15 години. Тие се зеле во 1975 година и останале заедно 34 години. Нивниот брак, сепак, е далеку од идеален како што сите мислат.

“Тој ја сакаше со сето свое срце, но нивните односи не беа полни само со љубов, но и со омраза”, открива Најблискиот пријател на актерот. Според него, на крајот Лиза го држела својот сопруг кој тежел само 40 кг како затвореник. Ја нарекуваа неговата сопруга чудовиште.

“Тој беше толку слаб, а таа го тепаше. По нивните скандали остануваа уништени хотелски соби, автомобили, нивниот дом. Цело време таа вршеше насилство врз него. Продолжи да го тепа и додека беше веќе тешко болен и немаше никакви сили. И тој не ја удри ниту еднаш, иако можеше “, открива пријател на Патрик Свејзи.

Слични содржини