Пратеникот и претседател на Демократски сојуз Павле Трајанов во Собранието достави Предлог закон за амнестија, подготвен од експертска група ангажирана од партијата.

download (3)

Со законот, соопшти денеска ДС, се предвидува потполно ослободување  на осудени лица на кои им е изречена казна затвор до три месеци, сторители на кривичните дела криумчарење мигранти по член 418-б став 2 од Кривичниот законик.  Се предлага ослободување за 50 проценти од неиздржаниот дел од казната на осудените лица – сторители на кривични дела на кои им е изречена единствена казна затвор од три до шест месеци, сторители на кривичните дела криумчарење на мигранти по член 418-б од Кривичниот законик, кои делото го сториле како дел од група, банда или друго здружение (член 418-в) – се ослободуваат за 50% од неиздржаниот дел на казната.

Осудените лица – сторители на кривични дела, пак, на кои им е изречена казна затвор до една година, како сторители на кривичните дела примање поткуп по член 357 и давање поткуп по член 358 од Кривичниот законик, се предлага да се ослободат за 33 проценти од неиздржаниот дел на казната, а на осудените лица – сторители на кривични дела со изречена казна затвор од една до десет години за 25 проценти од неиздржаниот дел на казната.

Според предлогот, лицата кои на денот на стапувањето во сила на овој закон имаат навршено 60 години, а се осудени  со правосилна  пресуда на  казна  затвор до пет години, треба да се ослободат за 40 проценти од неиздржаниот дел на казната. Ако амнестираното лице до истекот на времето за кое му е изречена казната стори едно или повеќе кривични дела, казната ќе му се зголеми двојно за делот за кој што е ослободен од извршувањето на казната.

Слични содржини