Амнестијата е простување (милост) на казната од страна на државата,, корекција на неправдата и ренитеграција на оседните во општеството. Повикувам на политички и граѓански консензус за амнестија без партиски манипулации.”Подобро 100 виновни на слобода, отколку еден невин во затвор”- изјави лидерот на ДС Павле Трајанов, кој поднесе иницијатива за носење на закон за аменстија, откако собранието го одби претходниот предлогот за амнестија по собрани потписи на иницијатива на Мери Николова.

????????????????????????????????????
Според предлогот на Трајанов сторители на кривични дела на кои им е изречена единствена казна затвор до три месеци, сторители на кривичните дела криумчарење на мигранти по член 418-б став 2 од Кривичниот законик, потполно се ослободуваат од извршувањето на казната. Осудените лица сторители на кривични дела на кои им е изречена единствена казна затвор од три до шест месеци, сторители на кривичните дела криумчарење на мигранти по член 418-б од Кривичниот законик, кои делото го сториле како дел од група, банда или друго здружение (член 418-в), се ослободуваат за 50 отсто од неиздржаниот дел на казната.

Осудените лица за кривични дела на кои им е изречена единствена казна затвор до една годинa, сторители на кривичните дела примање поткуп по член 357 од Кривичниот законик и давање поткуп по член 358 од Кривичниот законик, се ослободуваат за 33 отсто од неиздржаниот дел на казната. Осудениците за кривични дела на кои им е изречена единствена казна затвор од една до десет години, се ослободуваат за 25 отсто од неиздржаниот дел на казната.

Лицата кои на денот на стапувањето во сила на овој закон имале навршено 60 години, а се осудени со правосилна пресуда на казна затвор до пет години, се ослободуваат за 40 отсто од неиздржаниот дел на казната, додека оние кои на денот на влегувањето во сила на овој закон не започнале со извршувањето на казната, се ослободуваат од неиздржаниот дел на казната од 30 до 15 отсто.

Ако осудениот до истекот на времето за кое му е изречена казната стори едно или повеќе кривични дела, казната ќе му се зголеми двојно за делот за кој што е ослободен од извршувањето на казната.

Амнестијата не се однесува на лицата осудени со правосилна пресуда на казна затвор повеќе од десет години или со доживотен затвор, како и за осудените за убиство и квалифицирано убиство, за кривични дела против човечноста и меѓународното право, за кривични дела против државата, за определени кривични дела против половата слобода и половиот морал (силување, обљуба врз немоќно лице, полов напад врз дете кое не наполнило 14 години, обљуба со злоупотреба на положбата, посредување во вршење проституција, детска проституција, прикажување на порнографски материјал на дете, производство и дистрибуција на детска порнографија, намамување на обљуба или друго полово дејствие на дете кое не наполнило и родосквернавење).

Нема да се амнестираат и лица осудени за за кривични дела против бракот, семејството и младината, лицата осудени за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори и овозможување на употреба наркотични дроги, како и повеќекратните повторници, односно лицата кои до денот на стапување во сила на законот биле осудени со правосилна судска пресуда на безусловна казна затвор повеќе од три пати.

Слични содржини