Павлопулос: Грчкиот карактер на Македонија не може да се оспори и за него не се преговара

од Vladimir Zorba

prokopis_pavlopoulos_and_george_alogoskoufis_2008

Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос повторно од Солун настапи со радикален став дека Македонија е само грчка, третпат во рок од една недела. На годишнината од ослободувањето на градот и на прославата за светецот заштитник, Павлопулос отворено порача дека Солун е „чуварот на грчкиот карактер на Македонија“, кој не може да се оспори и за кој не се преговара.

– Денот на одбележувањето на светиот спомен на заштитникот на Солун, св. Димитрија, е годишнина на Солун, од една страна, во историјата на грчкиот народ и на православието, а од друга страна, е потсетување дека Солун е арка и буден чувар на грчкиот карактер на Македонија, кој не може да се оспори и за кој не се преговара – истакна Павлопулос.

Ваквите зачестени изјави на Павлопуос меѓу новинарите и аналитичарите што го следат спорот за името во Грција се оценува како потценување на обидот на грчката влада преку мерките за градење доверба и зачестените средби со македонската страна да ги подобрат билатералните односи, соработката и довербата меѓу народите./Мета

Слични содржини