Пазарење и ќарење

од desk4

За момент морав да прекинам со пишувањето, оти од дијаспората ми испратија покана за потпишување петиција против промена на името и против двојазичноста. Од далеку помоќно се брани Македонија. Сега знам дека ќе ми забележат и ќе речат: „Зарем на картата дека не живееме во Македонија ќе играте?“

Да бе. Баш на таа карта ќе играме, оти вие ја држите в рака. Ќе играме на картата дека се викате Џорџ, Мајкл или Стив. И дека Шпанецот Раул Гонсалес, селекторот на македонската ракометна репрезентација зборува македонски јазик потечно од вас. А не му е мајчин јазик.

И ќе играме на таа карта оти вие се занимавате со Македонија само во слободно време. А ние тука живееме. И немаме резервна татковина.

4 И дај сега ние што своеволно останавме да живееме во Македонија, оти сетики и ние во животот сме имале некој друг избор, рационално да го разгледаме проблемот со името. Дали можеме да влеземе во НАТО и ЕУ без да го смениме името? Или, дали може да изградиме држава како Швајцарија и да живееме без ЕУ и НАТО?

Кога ќе ја разгледуваме втората опција, сакам да потсетам на нашиот капацитет да станеме Швајцарија. Живееме во земја во која локалните власти не можат да ги натераат комуналните служби да го исчистат ѓубрето, а полицијата не може да ги тргне колите паркирани на коловоз. За други поголеми цивилизациски аспирации да не зборувам. Како на пример, четирите официјални јазици на Швајцарија. Ова се фактите. За сѐ друго може да се дискутира на ниво на емоции. На пауза меѓу две патриотски ора. И така едно 25 години.

Колумната на Горан Михајловски во целост прочитајате ја тука

Слични содржини