Печурките се богати со витамини и минерали

од Vladimir Zorba

Печурките содржат витамин Б, витамин Д, а провитаминот А (бета-каротен) се наоѓа во жолтите и портокалеви печурки (на пр. лисичица-Cantharellus cibarius и благва-Amanita caesarea).

Околу 90% од масата на печурката е вода, а одделни видови содржат дури и до 5% белковини кои се биолошки повредни од сите останати белковини од растително потекло. Од јаглехидратите, печурките во својот состав имаат сложени јаглехидрати во количина од околу 4%. Одделни печурки поседуваат многу специфичен вид на липиди, но количината на липидите или мастите во главно никогаш не преминува од 0,5%. Некои автори истакнуваат дека во печурките може да се најдат и мали количини на витамин Е.

Слични содржини