Сопштение на Партијата за Европска Иднина:

Партијата за Европска Иднина како активен чинител во политичкиот живот во Република Македонија , констатира дека основните предуслови за одржување на фер и демократски избори не се исполнети.

22465-пеи-логоjpg

Колку актелната власт го почитува словото на правото и колку истата го добила мандатот да го претставува народот на “ фер и демократски “ избори зборува фактот што истите тие се спремни да по секоја цена одат на избори без прочистен избирачки список , без регулирање на медиумите и без никаква правна одговорност на ониe кои што се огрешиле пред законот со криминал и фалсификат на изборите во претходните изборни циклуси . Токму затоа , Партијата за Европска Иднина застанува зад секоја политичка одлука и цивилна иницијатива за не учество на избори на 05 Јуни . На таков датум и на такви избори во кој што нема комплетно да бидат исполнети демократските предуслови за одржување на фер и демократски избори ПАРТИЈАТА ЗА ЕВРОПСКА ИДНИНА НЕМА ДА УЧЕСТВУВА.

Слични содржини