По секој нуклеарна проба или истрелана ракета од Пјонгјанг, од Кина се очекува да изврши притисок над својот сосед и “брат”. Пекинг навистина има можности да го стори тоа, но тешко дека ќе го направи-анализара DW.

0,,18774206_303,00
Замислено беше како шоу, но заврши со дипломатски скандал: во декември севернокорејскиот диктатор Ким Јонг Ун ja испрати во соседен Кина севернокорејската поп-група “Moranbong”. Тинејџерскиот состав требаше да одржи концерт, кој ќе го крунисаше затоплувањето на односите во последно време меѓу Пјонгјанг и Пекинг.

Само што на младите изведувачи треба набрзина им беше наложено да ги спакуваат куферите, откако настапот им беше откажан поради причини кои остануваат нејасни и до денес. Се вели дека одбивањето може да е поради една од песните, чиј текст бил антиамерикански. Како друга можна причина се наведува иритација на Кина од падрадирањето на Пјонгјанг со хидрогенска бомба. Но едно е сигурно: се случил вистински дипломатски шамар за Пекинг.

Жак Атали: Да излеземе од негативните идеологии

Пекинг едноставно не сака
Ова е само мал пример кој сепак покажува колку влошени се односите меѓу Кина и неговиот сосед Северна Кореја. Во последните години Кина на неколку пати јасно покажа дека е противник на севернокорејската нуклеарна програма. По последното истрелување на ракета со долг дострел, Пекинг најави дека тоа дополнително ќе ги влоши тензиите на Корејскиот полуостров. По наводниот тест со водородна бомба во почетокот на јануари, кинеското МНР истакна дека Кина е “одлучно против” атомски тестови. Тогаш Пекинг го повика севернокорејскиот амбасадор.

0,,17831720_404,00

Политичките односи меѓу двете држави ја достигна можно најниската точка. Од едновремените топли врски помеѓу двете “братски” соседни земји денес очигледно не е останато речиси ништо. Но дали тоа значи дека Пекинг не располага со повеќе можности за извршување на притисок врз Северна Кореја? Не, се разбира. Најмалку бидејќи Северна Кореја е економски зависна од соседна Кина: според податоците на кинеската царина, во првите 11 месеци од минатата година Кина извезла за Северна Кореја во близина 176 илјади тони нафта, како и над 23 милиони тони жито. Ако Кина ја замрзне трговијата со Северна Кореја, оваа земја ќе се покаже на работ на катастрофата.
И токму во тоа се состои проблемот. Бидејќи едвај има друг сценарио што така силно го загрижува кинеското раководство, како представата за колапсот на Северна Кореја. За тоа има две објаснувања: евентуален пад на Северна Кореја би создал огромен бран на бегалци кон кинескиот североисток, а тоа може да има непредвидливи економски и социјални последици за земјата и регионот. Од друга страна едно евентуално обединување на двете корејски држави би довело до распоредувањето на јужнокорејски и американски сили во близина на границата со Кина – видение, еднакво на геополитички кошмар за Пекинг.

Од што се плаши Пекинг?

Точно е дека Кина нема интерес од продолжувањето на трката во вооружување крај нејзините граници. Но кинеската влада стравува дека работите се уште посложени. Бидејќи е малку веројатно Пјонгјанг да се откаже од нуклеарните оружја, дури и да биде притисната со економски санкции од Пекинг. Уште повеќе што вооружување на Северна Кореја и без друго не е мерка насочена против Кина, туку се цели во САД, Јужна Кореја и Јапонија и би требало да ги загрижува главно политичарите во Вашингтон, Сеул и Токио.

Ако сепак дојде до обединување на двете корејски држави и кон Кина тргнат милиони севернокорејски бегалци, последиците ќе бидат главно за Кина. И додека тоа е така, ништо во однесувањето на Пекинг спрема Пјонгјанг нема да се промени.

Слични содржини