Пекол за Шакира: Зошто пејачката ја одложи европска турнеја

од desk4

Колумбиската пејачка Шакира ја одложи својата европска турнеја во 2018 година поради хеморагија на гласните жици, објави АФП.

Нови датуми ќе бидат објавени во друга прилика. Турнејата на Шакира требаше да започне во Келн на 8 ноември и да продолжи во Париз, Антверпен, Амстердам, Монпелје, Лион, Цирих.

Минатата недела пејачката ги одложи првите пет концерти. Концертите на Шакира во САД закажани од 9 јануари до 10 февруари за сега не се одложени. Шакира, исто така е меѓу познатите личности откриени од страна на новинарите за т.н. светска шема за затајување данок.

Таа живее во Барселона, но исто така живее на Бахамите заради даночни малверзации. Покрај тоа, таа ги пренесе на Малта и на Луксембург своите авторски права во износ од 31,6 милиони евра, пишува весникот Монде.

Слични содржини