Станува збор за гигантска шема на изборни измами,  за 150 илјади гласови, изјави pретседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски, во интервју за емисијата 360 степени на Алсат-М телевизија посочувајќи  дека дел од „бомбите“ на Заев и СДСМ се и докази за изборни измами Тој рече дека постојат јасни и директни докази за лажираните избори, , кои наскоро ќе бидат објавени, најмногу во делот на личните документи.

– Опозицијата ќе ги добиеше парламентарните избори во 2011 да немаше фабрикувани гласови и сега ќе беше на власт – рече Пендаровски.

pendarovski222-540x319

Медијацијата на меѓународните фактори е неопходна за да се надмине актуелната криза, изјави  Пендаровки  . Случувањата во парламентот на 24 декември беше минијатура во споредба со недемократските практики на власта што ќе ги обелодениме. Ако тогаш кризата се резреши со посредништво на еврокомесарот Штефан Филе, тогаш не гледам како ова би се разрешило без меѓународна медијација.

Се плашам дека мора да дојдат ако не сакаме да ни се случи 2001 без пушки, да ја загубиме државата сите. Ако власта оди до крај, може да го судри народот меѓу себе, дали преку религискиот момент или на партиска основа – предупредува тој.

Сепак, како што посочи, кризата е се уште во развој за да се очекува посериозна интервенција од страна на еврокомесарот Јоханес Хан, кој доаѓа во посета на Македонија.

Апел до меѓународната заедница да се вклучи во решавањето на актуелната криза упати и лидерот на ДУИ, Али Ахмети,

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан кој пристига денеска во Скопје вчера од Брисел порача дека едно од решенијата би можело да се бара преку инволвирање на пратеници од Европскиот парламент како медијатори во спорот меѓу владеачката партија и опозицијата.

Слични содржини